ул.15-ти Корпус бр.1 Скопје
13990 :: 15990
naracki@els.mk

За нас

ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје е лидер во вршењето на поштенски услуги реализирани преку електронска трговија – e-Commerce со препознатлив долгогодишен потенцијал на искусни доставувачи за курирски услуги на правни и физички лица.
Располагаме со сите неопходни лиценци и овластувања за домашен и меѓународен транспорт на пратки. Испорака вршиме во сите градови во Републиката со околу 30 канцеларии и повеќе од 100 моторни возила.

Над 160 вработени секојдневно се грижат вашите пратки успешно да бидат доставени до вашите клиенти. Работиме согласно меѓународните стандарди за поштенски услуги и имаме унифицирани процедури за најава, испорака и следење на вашите пратки.
Нашите доставувачи се обучени и препознатливи преку корпоративната облека и однесување.

Она што не разликува од останатите компании се нашите услуги за ЕКСПРЕСНИ ПРАТКИ. Ви овозможуваме брз и еколошки транспорт на Вашите пратки низ Скопје за помалку од 1 час и низ Републиката во истиот ден.

Посебен сегмент во нашето работење е испораката на извршни документи поврзани со нотатска, адвокатска и извршителска дејност. Преку високо квалификуваните доставувачи креираме голем процент на успешна достава на овој тип на пратки. Со вашиот избор добивате стабилен партнер со посебен Сектор за грижа на корисници.
Основна цел на овој сектор е веднаш да одговори на најразличните барања и прашања од страна на клиентите.

Во склопна услугите кои ги нудиме располагаме со меѓународен високософистициран Систем за најава и следење на пратки преку кој ќе имате комплетен увид во статусот на секоја Ваша пратка.

Располагаме со најсовремен софтвер за евиденција на пратки, како и можност за следење на истите.
Покрај електронската најава на https://naracki.els.mk/profile/login, можете да најавите пратки во нашиот Кол центар во кој работат повеќе од 11 вработени кои вршат систематска распределба на повици и оптимизираат рути за испораки, или да направите инстант онлајн нарачка без најава преку нашата веб страница els.mk.

Директно ги покриваме сите главни градови со сопствени магацини/подружници: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Велес, Штип, Кочани, Делчево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и постојано се прошируваме отварајќи наши подружници во останатите населени места со единствена цел да Ви бидеме достапни насекаде.

Вршиме испорака на секаков вид на пратки: писма, пакети, пратки со помал и поголем волумен.
Во склоп на нашите услуги поднесуваме и подигнуваме документи во ваше име, на територијата на целата земја, при што ЕЛС го одвојува од конкуренцијата е брзата, сигурна и успешна достава на пратки.
ЕЛС е компанија со најголем процент на успешно доставени онлајн пратки. Нашите вработени се униформирани и секој вработен поседува легитимација за полесно препознавање на терен и можност за пријава на нељубезни курири по нивниот сериски број.
ЕЛС поседува најмногу дозволи и лиценци за поштенска работа меѓу кои се дозвола за меѓународна пошта, доверливи документи и други.

Поради професионалната работа во нашата референтна листа се вброени најголемите светски брендови кои нивната доверба ни ја дадоа токму нам за достава на нивните онлајн пратки. Чест ни е да споменеме дел од нив: SPORT VISION (SPORT REALITY,BUZZ), INDITEX (ZARA, PULL&BEAR, MASSIMO DUTTI), MAGNETIK (LIU JO, MAX MARA, CARPISA, YAMAMAY, PINKO, MARELLA), FASHION GROUP (REPLAY,DIESEL, MANGO, VICTORIA SECRET, SPRINGFILD), CITY FASHION (ARMANI, VERSACE, KARL LAGERFELD, MICHAEL KORS), COMODITA HOME, BAZZARO, ARTHURS (SO SITE BRENDOVI), EVRO STIL, BIS OIL, KUPI KNIGA, MEGA SPORT, PROSVETNO DELO, MAKPETROL и многу други.
ЕЛС е бонитетна компанија без долгови и кредити и бележи најбрз раст во регионoт со над 700%.

Еко Логистик Сервис се позиционира како меѓународна пошта и е во фаза на затворање на договорите со сите соседни земји што ќе ја направи регионална пошта.
ЕЛС е еколошки совесна компанија. Ние водиме грижа за загадувањето и располагаме со голем број на еко возила на метан, електрични возила, велосипеди.

Ние сме најголем поддржувач на невладината организација „Еко Алијанса“ и само во минатата 2020 година остваривме над 50 доброволни акции на собирање смет од јавни површини како и зазеленување на јавни простори.


НАША ВИЗИЈА
Генералната визија на ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје е да биде една од водечките компании во доменот на своето работење и да обезбеди постојано задоволство на своите клиенти.

Еко Логистик Сервис постојано се стреми кон унапредување на своите вредности преку:
• Инвестиции во развој, опрема и технологии
• Зголемување на рангот и квалитетот на услугите за своите комитенти
• Промовирање на иновативни услуги
• Одржување на деловниот однос со постоечките клиенти
• Комплетно решение на едно место
• Постојана едукација на кадар
• Обезбедување на безбедни и соодветни услови за работа
• Грижа за вработените и тимскиот дух
• Грижа за животната средина и однесување во склад со еколошките начела

ЦЕЛИ
• Идентификување и елиминирање на сите форми на загуби кои што влијаат на квалитетот на работењето
• Реализирање на успешна и навремена достава на пратки за целосно задоволување на барањата на клиентите
• Намалување на бројот на рекламации и незадоволни клиенти преку работата на центарот за грижа на корисници
• Дефинирање на обврските на вработените и обезбедување соодветни насоки и обука за извршување на соодветни работни задачи на секој вработен
• Грижа за безбедноста и здравјето на работниците
• Заштита на угледот на компанијата
• Грижа за животната средина и имплементација на еколошките вредности при вршењето на својата дејност.