ул.15-ти Корпус бр.1 Скопје
13990 :: 15990
naracki@els.mk

Искуства на клиенти

Orbico и ЕЛС

  • Мал вовед  до 3 реченици за компанијата и функцијата која ја извршувате.

         ОРБИКО во Македонија нуди висококвалитетни услуги во доменoт на дистрибуција, логистика и бренд менаџмент. Работиме со интернационални и домашни реномирани брендови од различни индустрии и бизнис области како FMCG, селективна козметика, нега и убавина, и др. Дел сме од Орбико групација, присутна во 20 земји, со повеќе од 8000 вработени. Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови како за нега и убавина, за прехрамбени и непрехрамбени производи, технички и електрични апарати, лекови, играчки. Текстил, цигари, моторни масла и многу други производи.

Јас работам на позиција Менаџер за малопродажба за FABU SPOT парфимерии. Во Македонија имаме 3 дуќани, кои се лоцирани во City Mall, East Gate и во Hotel Marriott со поглед на самиот плоштад.

  • Како  успешна  компанија  почуствувате  раст во онлајн трговијата во Македонија, посебно во последниве 2 години. Како  тоа се рефлектираше на Вашата работа?

Онлајн продажбата позитивно влијае во нашата работа, ги поместува границите. Благодарение на онлине продажбата, со нашите производи секојдневно создаваме нови задоволни купувачи од различни места од Македонија кои не се во можнист да не посетат но преку нарачките  имаат можност да уживаат во начите висикоквалитетни производи. Овој брз тренд на живеење и недостаток на време е исто причина што имаме многу нарачки и во Скопје,  купувачите заштедуваат време.

  • Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за достава… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава?

Кога е во прашање достава, најбитно ни е брзината,  одговорноста, сигурност и навременост на достава на пратката.

  • Зошто Еко- Логистик сервис?

Зошто ги исполнува нашите критериуми, еве да потенцирам уште еднаш, имаме брзо подигање на пратките, сигурност на пратките и навремена достава на пратката до купувачот што е многу битно во онјал доставата – фактотот време, што е многу органичен русурс и причина за многу нарачки.

PAZAR 3 и ELS

Мал вовед  до 3 реченици за компанијата и функцијата која ја извршувате.

Јас сум Ајлин Шеали, Оперативен Менаџер во Pazar3. Тимот на Pazar3 работи посветено веќе 16 години во 5 држави (Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора) помагајќи им на огласувачите да продаваат побрзо и повеќе, додека за купувачите преставува неограничен пазар за пронаоѓање на се што им треба.

Со новата услуга Пазар3 Карго Достава – во партнерство со ЕЛС, сега корисниците добиваат најлесен и најбезбеден начин на купување со достава до дома.

Како  успешна  компанија и бренд кој постои 16 години, кажете ни нешто повеќе зошто Карго Достава за онлајн огласник преставува многу битен фактор за успех?

Квалитетен партнер за Карго достава за онлајн продавниците е неминовен фактор за успех. Меѓутоа во нашиот случај станва збор за многу различен бизнис модел, каде што ние се јавуваме како посредници помеѓу вклучените страни во достава купувач-продавач.

Купувачот праќа понуда за производот што сака да го купи. Доколку продавачот ја потврди понудата Карго Компанијата ја подигнува пратката од продавачот и ја доставува директно до купувачот.

Идејата за воведување на Карго Достава доаѓа по барање на нашите корисници кои имаа потешкотии за доставување на продизводите и пронаоѓање на квалитетен транспорт. Сега, продавачот (физичко лице или купувач) нема потреба повеќе да размислува за начинот на достава, туку ЕЛС ја подигнува пратката и ја доставува до купувачот на брз и безбеден начин без разлика дали станува збор за нов или користен продукт што се огласува на нашиот веб сајт.

Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава?

Точно така… За водење на успешен онлајн бизнис многу е важно одбирање на соодветна компанија за логистика.  Најбитните фактори за успешна соработка за Карго Достава се брзина на достава, безбедна достава и спремност за предизвици. ЕЛС ги има сите карактеристики на успешна Карго Компанија во нашата земја.

Зошто Еко- Логистик сервис?

Клучните фактори за избор на ЕЛС како партнер за достава се професионалноста, посветеноста, флексибилноста, брзата достава и докажан бренд со квалитетен сервис во кој сите имаме доверба.

Што очекувате во иднина од доставната служба што би ја олеснило работата во е комерц  секторот?

Како што напоменав погоре, најбитно е Карго Компанијата да биде флексибилна и спремна за нови предизвици.

MAGNETIK и ELS

Како  успешна  компанија  почуствувате  раст во онлајн трговијата во Македонија, посебно во последниве 2 години. Како  тоа се рефлектираше на Вашата работа?

Во последниот период имавме зголемување на онлајн нарачките што резултираше со проширување на нашиот тим.

Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава? 

Најважно во соработката со компанијата за достава ни е брзо, навремено и точно доставување на нарачките. Онлајн следење на нарачките од наша страна и страна на купувачите. Купувачите да бидат навремено известени за подигнање на нарачката преку смс порака, телефонски повик како и да имаме добра грижа за корисници.

Зошто Еко- Логистик сервис? 

Бидејќи имаме добра соработка и навремена достава.

Што очекувате во иднина од доставната служба што би ја олеснило работата во е комерц  секторот?

Очекуваме да имаме уште побрза достава, поврзување на нашиот систем за нарачки со еко логистик за автоматско изготвување на адресници како и поголемо внимавање при доставувањето на пратките – пакетот да биде во истата состојба во која е пратен (да не е изгужван и извалкан). Исто очекуваме проблемот со праќање на смс пораки за подигната пратка да биде решен и пораките да пристигнуваат до купувачите.

SPORT VISION и ELS

Sport Vision е модерна компанија која се карактеризира со флексибилност, професионалност, динамична стратегија за развој, како и ориентираност кон пазарот со препознатливи брендови. Малопродажната мрежа брои повеќе од 280 продажни објекти во 9 држави – Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Романија и Словенија. Sport Vision е партнер на водечките светски брендови како што се: Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Timberland, Converse и други. Освен тоа, Sport Vision поседува лиценца за производство и дистрибуција на реномираните брендови како што се: Champion, Umbro, Lotto, Ellesse, Lonsdale, Karrimor и други. Како успешен тим, компанијата Sport Vision се води според филозофијата и слоганот “НИЕ СМЕ ЕКИПА”.

Во рубриката кратко интервју денес разговараме со Стефани Петрушевска.

  • Стефани, кажете ни накратко за Вашата позиција во компанијата

Јас сум Стефани Петрушевска на функција раководителна онлајн продажба – E-Commerce Manager во Sport Vision, одговорна за управување со онлајн продавницата како и за управување и следење на онлајн тимот. 

  • Како  успешна  компанија  која поседува  и онлајн продавница, кажете ни ја разликата помеѓу традиционалната продавница и он лајн продавницата. Дали е покомплицирано продавањето онлајн и со какви проблеми се сретнувате?

Во традиционална продавница, купувачите можат на лице место да погледнат како физички изгледаат производите кои ги посакуваат. Додека пак во онлајн продавницата, клиентите можат да ги погледнат моделите само на нашиот сајт преку поставените слики за производите од наша страна. Поради тоа традиционалниот начин на пазарење долго време беше пракса на поголемиот дел од купувачите. Но, пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) освен што предизвика криза во некои сектори предизвика драстично зголемување на онлајн продажбата. Купувачите увидоа сигурност и безбедност во пазарањето онлајн. Покрај сигурност и безбедност во пазарењето, со онлајн купувањето се добиваат поволности како попусти кои не се достапни во традиционалните продавници. Исто така, на сите клиенти им се нуди можност за враќање на производите кои ги имаат нарачано како и рефундација на средства во рок од 15 дена доколку производот не се софпаѓа со нарачаниот или им е доставена оштетена или нецелосна пратка кои и би ги издвоила како проблеми со кои и се соочуваме на дневно ниво. Според мене онлајн продажбата е иднината на продажбата и секој бизнис кој започнал онлајн продажба ја има подобрено состојбата на својата компанија.

  • Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава? 

Во соработката со компанијата за достава пред сè најважна ни е навремената достава на пратките на купувачите. Да се почитува рокот за достава кој е наведен на нашиот сајт и да нема задоцнување во реализацијата на замените што ние го гледаме како уште поважен процес и од редовната достава.

  • Зошто Еко- Логистик сервис? 

Пред сè поради посветеноста, професионалноста, флексибилноста и ефикасноста која ја нуди Еко-Логистик сервис, како и навремената, брза достава и одлична соработка која очекуваме да биде долготрајна.

  • Што би Ви ја олеснило он лајн  работата  и какви услуги очекувате во иднина од доставната компанија?

Како што напоменав и погоре, според мене онлајн продажбата е иднината на продажбата и како што ќе расте онлајн продажбата, ќе се зголеми бројот на онлајн пратки за достава. Тоа што нас ни е најважно е доставната компанија секогаш да биде во ист чекор со нас и да биде флексибилна и лесно прилагодлива на сите промени и новитети со кои би се соочиле.

FASHION GROUP и ELS

Fashion Group e компанија чии почетоци датираат од 1994 година и се смета за најголемата модна групација во земјава, во чие портфолио може да се најдат голем број реномирани светски брендови, со 29 продажни објекти во најголемите трговски центри и фреквентни пешачки зони во Скопје, Куманово и Тетово. Дел од групацијата се повеќе од 250 професионалци, кои се целосно посветени и мотивирани да го понудат најдоброто за секој купувач. Во рубриката кратко интервју денес разговараме со Александра Саздовска.

  • Александра кажете ни накратко за Вашата позиција во компанијата како и нешто за он лајн продажбата.

Јас сум Александра Саздовска, дел од онлајн тимот, а работам како e-commerce специјалист и e- commerce координатор во Fashion Group. Она што ми е особено драго, е што своето знаење и искуство секојдневно го споделувам со колегите и заеднички сме еден одличен тим кој се залага за позитивни и прогресивни резултати.

Од 2017 – тата година, групацијата започнува со онлајн продажба на производите од своите брендови преку www.fashiongroup.com.mk, а денеска, платформата е една од најпосетените интернет страници за онлајн продажба во земјава. Најголемата заслуга за сето ова ја има онлајн тимот кој неуморно и секојдневно ги следи светските дигитални и e- commerce трендови,сè со цел да продолжиме и натаму да се грижиме за сите наши корисници и потрошувачи, да го зголемуваме бројот на брендови и колекции.

  • Како  успешна  компанија  почуствувавте  раст во онлајн трговијата во Македонија, посебно во последниве 2 години. Како  тоа се рефлектираше на Вашата работа?

Последниве две години беа предизвик за секоја компанија која работи во Е-commerce трговијата. Може да кажеме дека нашата онлајн продавница за овие две години направи раст кој е значителен за нашата компанија во која функционираме како едно големо семејство. Овој раст ни е особено драг поради тоа што во време на пандемија, Е-commerce продажбата не спои сите и заеднички делувавме како едно и дојдовме до заклучок дека сè што се прави со љубов, внимание и посветеност, носи загарантриран успех.

  • Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава? 

Почетокот на соработката со Еко логистик ни датира од 2019-тата година со почетоците на нашата нова платформа за онлајн продажба, каде изборот на курирска служба беше од круцијално значење за успешното работење. Најважното во тие почетоци за нас како компанија која има искуство во малопродажната индустрија повеќе од 27 години, е да имаме пред сè компанија на која може да ги довериме нашите потрошувачи и производи и довербата и лојалноста да ја зајакнеме уште повеќе. Подготвеноста со софтверско решение за нашата онлајн продавница и секако подготвеноста за сериозна соработка, си го направија своето и денес имаме една успешната приказна за Е-commerce трговијата која заеднички ја создаваме.

  • Зошто Еко- Логистик сервис? 

Пред сè поради подготвеноста, брзината, довербата и сериозната соработка која ја имаме и негуваме.

  • Дали сте подготовени за Black Friday?

Подготвени сме да направиме уште еден бум во онлајн продажбата и целосно ја доверуваме лојалноста на нашите потрошувачите во рацете на ЕЛС куририте кои што се секогаш со нас.

ПЕШОВСКИ ЕКСКЛУЗИВ и ELS

Компанијата Пешовски Ексклузив е мала фамилијарна компанија лоцирана во Крива Паланка, која се занимава со производство и продажба на чевли под сопствено изградениот бренд BELLMONDO by Pesovski. Денес разговараме со Светлана Пешовска.

  • Г-ѓа Пешовска, која е Вашата функција и позиција во оваа успешна домашна компанија?

Мојата функција во компанијата е организирањето, планирањето и унапредувањето на нашиот бизнис  секојдневно. Јас сум косопственик и главен извршен менаџер на компанијата .

  • Како  успешна  компанија  почуствувавте  раст во онлајн трговијата во Македонија, посебно во последниве 2 години. Како  тоа се рефлектираше на Вашата работа?

Поради ситуацијата со COVID 19, и нејзиното влијание врз бизнисот  на глобално ниво и кризата која се наметна , на некој начин бевме приморани да ја насочиме нашата работа кон онлајн трговијата. Поради еден или друг начин,  а верувам најмногу  поради стравот на купувачите да одат директно во продавницата да го купат посакуваното нешто , луѓето се почесто се одлучуваа да порачаат преку интернет, па моравме да направиме реорганизација на приоритетите и најголем акцент се стави на онлајн продажбата како најисплатлива опција во време на оваа пандемија.

  • Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава? 

Најважното нешто во избирањето на комапнија која ќе ги доставува онлајн нарачките  е брза и ефикасна услуга презентирна преку навремено доставување на пратките до нашите купувачи.  Според нас компанијата за логистика дејствува како нерскинлива врска помеѓу  Нас  од една страна и купувачите на друга страна. Таа треба да биде мостот преку кој непречено ќе се одвива нашата трговија. Нашиот углед е она на што работиме со години, а компанијата за достава треба да ни биде поткрепа и двигател за унапредување на нашиот углед . Лошото менаџирање од нивна страна го руши не само нивниот туку и нашиот углед во очите на купувачите истотака.

  • Зошто Еко- Логистик сервис? 

Нашата соработка со Еко логистик трае веќе неколку години наназад. Можеме да кажеме дека до сега со мали иклучоци нашата соработка е на многу високо ниво. Секоја пречка навремено е елиминирана и разрешена. Со нивната флексибилност и нашата решителност да им понудиме врвна услуга на купувачите заеднички работиме на меѓусебно  унапредување на нашите бизниси на  бизнис сцената.

  • Дали сте подготовени за Black Friday?

Black Friday e предизвик не само за нас туку и за компанијата за достава. Очекуваме дека ова е период кога нашите  онлајн нарачки ќе се зголемат, а со тоа и ќе се зголеми работата на компанијата за достава. Ние сме подготвени да им понудиме беспрекорна услуга на највисоко ниво и во овој период на нашите купувачи, а тоа ќе биде возможно само доколку и нашиот доставувач е спремен да одговори на предизвикот.