ЕЛС и Пешовски Ексклузив

Компанијата Пешовски Ексклузив е мала фамилијарна компанија лоцирана во Крива Паланка, која се занимава со производство и продажба на чевли под сопствено изградениот бренд BELLMONDO by Pesovski. Денес разговараме со Светлана Пешовска.
- Г-ѓа Пешовска, која е Вашата функција и позиција во оваа успешна домашна компанија?
Мојата функција во компанијата е организирањето, планирањето и унапредувањето на нашиот бизнис секојдневно. Јас сум косопственик и главен извршен менаџер на компанијата .
- Како успешна компанија почуствувавте раст во онлајн трговијата во Македонија, посебно во последниве 2 години. Како тоа се рефлектираше на Вашата работа?
Поради ситуацијата со COVID 19, и нејзиното влијание врз бизнисот на глобално ниво и кризата која се наметна , на некој начин бевме приморани да ја насочиме нашата работа кон онлајн трговијата. Поради еден или друг начин, а верувам најмногу поради стравот на купувачите да одат директно во продавницата да го купат посакуваното нешто , луѓето се почесто се одлучуваа да порачаат преку интернет, па моравме да направиме реорганизација на приоритетите и најголем акцент се стави на онлајн продажбата како најисплатлива опција во време на оваа пандемија.
- Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава?
Најважното нешто во избирањето на комапнија која ќе ги доставува онлајн нарачките е брза и ефикасна услуга презентирна преку навремено доставување на пратките до нашите купувачи. Според нас компанијата за логистика дејствува како нерскинлива врска помеѓу Нас од една страна и купувачите на друга страна. Таа треба да биде мостот преку кој непречено ќе се одвива нашата трговија. Нашиот углед е она на што работиме со години, а компанијата за достава треба да ни биде поткрепа и двигател за унапредување на нашиот углед . Лошото менаџирање од нивна страна го руши не само нивниот туку и нашиот углед во очите на купувачите истотака.
- Зошто Еко- Логистик сервис?
Нашата соработка со Еко логистик трае веќе неколку години наназад. Можеме да кажеме дека до сега со мали иклучоци нашата соработка е на многу високо ниво. Секоја пречка навремено е елиминирана и разрешена. Со нивната флексибилност и нашата решителност да им понудиме врвна услуга на купувачите заеднички работиме на меѓусебно унапредување на нашите бизниси на бизнис сцената.
- Дали сте подготовени за Black Friday?
Black Friday e предизвик не само за нас туку и за компанијата за достава. Очекуваме дека ова е период кога нашите онлајн нарачки ќе се зголемат, а со тоа и ќе се зголеми работата на компанијата за достава. Ние сме подготвени да им понудиме беспрекорна услуга на највисоко ниво и во овој период на нашите купувачи, а тоа ќе биде возможно само доколку и нашиот доставувач е спремен да одговори на предизвикот.