ул.15-ти Корпус бр.1 Скопје
13990 :: 15990
naracki@els.mk

ELS и FASHION GROUP

ELS и FASHION GROUP

Fashion Group e компанија чии почетоци датираат од 1994 година и се смета за најголемата модна групација во земјава, во чие портфолио може да се најдат голем број реномирани светски брендови, со 29 продажни објекти во најголемите трговски центри и фреквентни пешачки зони во Скопје, Куманово и Тетово. Дел од групацијата се повеќе од 250 професионалци, кои се целосно посветени и мотивирани да го понудат најдоброто за секој купувач. Во рубриката кратко интервју денес разговараме со Александра Саздовска.

  • Александра кажете ни накратко за Вашата позиција во компанијата како и нешто за он лајн продажбата.

Јас сум Александра Саздовска, дел од онлајн тимот, а работам како e-commerce специјалист и e- commerce координатор во Fashion Group. Она што ми е особено драго, е што своето знаење и искуство секојдневно го споделувам со колегите и заеднички сме еден одличен тим кој се залага за позитивни и прогресивни резултати.

Од 2017 – тата година, групацијата започнува со онлајн продажба на производите од своите брендови преку www.fashiongroup.com.mk, а денеска, платформата е една од најпосетените интернет страници за онлајн продажба во земјава. Најголемата заслуга за сето ова ја има онлајн тимот кој неуморно и секојдневно ги следи светските дигитални и e- commerce трендови,сè со цел да продолжиме и натаму да се грижиме за сите наши корисници и потрошувачи, да го зголемуваме бројот на брендови и колекции.

 

  • Како  успешна  компанија  почуствувавте  раст во онлајн трговијата во Македонија, посебно во последниве 2 години. Како  тоа се рефлектираше на Вашата работа?

Последниве две години беа предизвик за секоја компанија која работи во Е-commerce трговијата. Може да кажеме дека нашата онлајн продавница за овие две години направи раст кој е значителен за нашата компанија во која функционираме како едно големо семејство. Овој раст ни е особено драг поради тоа што во време на пандемија, Е-commerce продажбата не спои сите и заеднички делувавме како едно и дојдовме до заклучок дека сè што се прави со љубов, внимание и посветеност, носи загарантриран успех.

  • Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава? 

Почетокот на соработката со Еко логистик ни датира од 2019-тата година со почетоците на нашата нова платформа за онлајн продажба, каде изборот на курирска служба беше од круцијално значење за успешното работење. Најважното во тие почетоци за нас како компанија која има искуство во малопродажната индустрија повеќе од 27 години, е да имаме пред сè компанија на која може да ги довериме нашите потрошувачи и производи и довербата и лојалноста да ја зајакнеме уште повеќе. Подготвеноста со софтверско решение за нашата онлајн продавница и секако подготвеноста за сериозна соработка, си го направија своето и денес имаме една успешната приказна за Е-commerce трговијата која заеднички ја создаваме.

  • Зошто Еко- Логистик сервис? 

Пред сè поради подготвеноста, брзината, довербата и сериозната соработка која ја имаме и негуваме.

  • Дали сте подготовени за Black Friday?

Подготвени сме да направиме уште еден бум во онлајн продажбата и целосно ја доверуваме лојалноста на нашите потрошувачите во рацете на ЕЛС куририте кои што се секогаш со нас.