ул.15-ти Корпус бр.1 Скопје
13990 :: 15990
naracki@els.mk

ELS i SPORT VISION

ELS i SPORT VISION

Sport Vision е модерна компанија која се карактеризира со флексибилност, професионалност, динамична стратегија за развој, како и ориентираност кон пазарот со препознатливи брендови. Малопродажната мрежа брои повеќе од 280 продажни објекти во 9 држави – Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Романија и Словенија. Sport Vision е партнер на водечките светски брендови како што се: Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Timberland, Converse и други. Освен тоа, Sport Vision поседува лиценца за производство и дистрибуција на реномираните брендови како што се: Champion, Umbro, Lotto, Ellesse, Lonsdale, Karrimor и други. Како успешен тим, компанијата Sport Vision се води според филозофијата и слоганот “НИЕ СМЕ ЕКИПА”.

Во рубриката кратко интервју денес разговараме со Стефани Петрушевска.

  • Стефани, кажете ни накратко за Вашата позиција во компанијата

Јас сум Стефани Петрушевска на функција раководител на онлајн продажба – E-Commerce Manager во Sport Vision, одговорна за управување со онлајн продавницата како и за управување и следење на онлајн тимот. 

  • Како  успешна  компанија  која поседува  и онлајн продавница, кажете ни ја разликата помеѓу традиционалната продавница и он лајн продавницата. Дали е покомплицирано продавањето онлајн и со какви проблеми се сретнувате?

Во традиционална продавница, купувачите можат на лице место да погледнат како физички изгледаат производите кои ги посакуваат. Додека пак во онлајн продавницата, клиентите можат да ги погледнат моделите само на нашиот сајт преку поставените слики за производите од наша страна. Поради тоа традиционалниот начин на пазарење долго време беше пракса на поголемиот дел од купувачите. Но, пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) освен што предизвика криза во некои сектори предизвика драстично зголемување на онлајн продажбата. Купувачите увидоа сигурност и безбедност во пазарањето онлајн. Покрај сигурност и безбедност во пазарењето, со онлајн купувањето се добиваат поволности како попусти кои не се достапни во традиционалните продавници. Исто така, на сите клиенти им се нуди можност за враќање на производите кои ги имаат нарачано како и рефундација на средства во рок од 15 дена доколку производот не се софпаѓа со нарачаниот или им е доставена оштетена или нецелосна пратка кои и би ги издвоила како проблеми со кои и се соочуваме на дневно ниво. Според мене онлајн продажбата е иднината на продажбата и секој бизнис кој започнал онлајн продажба ја има подобрено состојбата на својата компанија.

  • Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава? 

Во соработката со компанијата за достава пред сè најважна ни е навремената достава на пратките на купувачите. Да се почитува рокот за достава кој е наведен на нашиот сајт и да нема задоцнување во реализацијата на замените што ние го гледаме како уште поважен процес и од редовната достава.

  • Зошто Еко- Логистик сервис? 

Пред сè поради посветеноста, професионалноста, флексибилноста и ефикасноста која ја нуди Еко-Логистик сервис, како и навремената, брза достава и одлична соработка која очекуваме да биде долготрајна.

  • Што би Ви ја олеснило он лајн  работата  и какви услуги очекувате во иднина од доставната компанија?

Како што напоменав и погоре, според мене онлајн продажбата е иднината на продажбата и како што ќе расте онлајн продажбата, ќе се зголеми бројот на онлајн пратки за достава. Тоа што нас ни е најважно е доставната компанија секогаш да биде во ист чекор со нас и да биде флексибилна и лесно прилагодлива на сите промени и новитети со кои би се соочиле.