ул.15-ти Корпус бр.1 Скопје
13990 :: 15990
naracki@els.mk

ЕЛС и ПАЗАР 3

ЕЛС и ПАЗАР 3

Мал вовед  до 3 реченици за компанијата и функцијата која ја извршувате.

Јас сум Ајлин Шеали, Оперативен Менаџер во Pazar3. Тимот на Pazar3 работи посветено веќе 16 години во 5 држави (Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора) помагајќи им на огласувачите да продаваат побрзо и повеќе, додека за купувачите преставува неограничен пазар за пронаоѓање на се што им треба.

Со новата услуга Пазар3 Карго Достава – во партнерство со ЕЛС, сега корисниците добиваат најлесен и најбезбеден начин на купување со достава до дома.

Како  успешна  компанија и бренд кој постои 16 години, кажете ни нешто повеќе зошто Карго Достава за онлајн огласник преставува многу битен фактор за успех?

Квалитетен партнер за Карго достава за онлајн продавниците е неминовен фактор за успех. Меѓутоа во нашиот случај станва збор за многу различен бизнис модел, каде што ние се јавуваме како посредници помеѓу вклучените страни во достава купувач-продавач.

Купувачот праќа понуда за производот што сака да го купи. Доколку продавачот ја потврди понудата Карго Компанијата ја подигнува пратката од продавачот и ја доставува директно до купувачот.

Идејата за воведување на Карго Достава доаѓа по барање на нашите корисници кои имаа потешкотии за доставување на продизводите и пронаоѓање на квалитетен транспорт. Сега, продавачот (физичко лице или купувач) нема потреба повеќе да размислува за начинот на достава, туку ЕЛС ја подигнува пратката и ја доставува до купувачот на брз и безбеден начин без разлика дали станува збор за нов или користен продукт што се огласува на нашиот веб сајт.

Водењето на успешен бизнис во областа на е-трговијата, суштински дел е одбирањето на соодветна компанија за логистика… Што ви е најважно во соработката со компанија за достава?

Точно така… За водење на успешен онлајн бизнис многу е важно одбирање на соодветна компанија за логистика.  Најбитните фактори за успешна соработка за Карго Достава се брзина на достава, безбедна достава и спремност за предизвици. ЕЛС ги има сите карактеристики на успешна Карго Компанија во нашата земја.

Зошто Еко- Логистик сервис?

Клучните фактори за избор на ЕЛС како партнер за достава се професионалноста, посветеноста, флексибилноста, брзата достава и докажан бренд со квалитетен сервис во кој сите имаме доверба.

Што очекувате во иднина од доставната служба што би ја олеснило работата во е комерц  секторот?

Како што напоменав погоре, најбитно е Карго Компанијата да биде флексибилна и спремна за нови предизвици.